Спасувачка акција во Охрид: Извлечен холандски турист и предаден на Брзата помош

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.

Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на село Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.