Млади возачи фатени со марихуана на регионалниот пат Радовиш-Конче

На 27.06.2024 во 22.45 часот на регионален пат Радовиш- Конче полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода У.С.(20) од село Конче и А.Ч.(20) од Штип.

При преглед на патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од У.С., а во кое сопатник бил А.Ч., била пронајдена марихуана.

Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот ќе биде поднесено соодветна пријава.