Потребни состојки:
4 шолји од 2dl брашно
2 лажици шеќер
½ лажица сол
2 лажици масло од сончоглед
500ml млеко
11g сув квасец
Подготовка:
Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.
Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.
Потоа лесно размесете, направете облик по желба - пирошки, лепче, кифли...
Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.
Послужете со главно јадење, салати, сосови...