Напади од кучиња скитници во Скопје: Пријавени инциденти во Ѓорче Петров и Драчево

На 02.07.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Ј.(27) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 02.07.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Драчево, Д.А.(57) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје бил каснат од куче скитник.