Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Во новото соопштението на АМСМ се известува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а зголемена е фрекфенцијата на патните правци надвор од градските средини и се чека по половина час на граничниот премин ГП Табановце.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Забраната за тешки товарни возила, над 15 тони, на државните патишта на РСМ која стапи на сила на 01.07.2022 е уште во примена и ќе трае до 31.08.2022. Забраната за движење не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.