Скопски таксист доживеал срцев удар додека превезувал патник, лекарите констатирале смрт

Таксист од Скопје доживеал срцев удар додека превезувал патник. Откако излетал од патот, удрил во дрво, по што во болница било констатирано дека починал од срцев удар. 

- На 31.05.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво. По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.