Скопје блокирано во сообраќаен шпиц

Возачите во Скопје денеска ќе имаат нервозен ден , бидејќи најефективните раскрсници е бидат блокирани од „шарените“. Приврзаниците на опозицијата ја менуваат тактиката и почнуваат со блокирање на градот за време на сообраќајниот шпиц.

За денеска е планирано да бидат блокирани крстосниците кај Црвен крст, Судска палата и Соборниот храм. Нејасно е колку време ќе траат нивните протести, но сосема е извесно дека низ целиот град ќе владее сообраќаен хаос.

„Шарените“ денеска нема да имаат одмор бидејќи од 18 часот ќе продолжат со редовните протести кои почнуваат пред СЈО, а завршуваат најчесто пред Владата или Собранието. Попат тие бојадисуваат и демолираат државни објекти и споменици за што завчера беше уапсен и возачот на комбето со кое се разнесувале боите.