Денеска облечете шарени чорапи во солидарност со луѓето со Даунов синдром

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21 март, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои за да се покаже солидарност со лицата со Даунов синдром и истовремено да се подигне свеста на јавноста за односот кон луѓето со Даунов синдром.

Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

Веб страната на „Даунов синдром Шкотска“ сугерира дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.