Што навистина значи кога некој ќе каже: „Имам чувства за тебе“?

Кога ќе запознаеме некој кој навистина ни се допаѓа, сакаме работите да се одвиваат како во бајка. Излегувате неколку пати и одеднаш некој вели: „Имам чувства за тебе.“ И по ова големо признание продолжувате да живеете среќно до крајот на животот.

Но, што навистина значи: „Имам чувства за тебе“? Генерално, сите се согласуваат околу тоа дека оваа реченица го означува почетокот на заљубувањето. Но, дали е тоа баш точно? Има многу чувства, а не се сите чувства поврзани со љубов. Па така, оваа изјава може да значи различни работи, а еве и зошто...

Неподготвеност да се каже „Те сакам“

Ова можеби е едно од најчестите значења на оваа фраза. И веројатно сте се запознале со некој со кого супер ви оди, но не сте подготвени да ја изразите својата љубов. Можеби и не сте сосема сигурни што чувствувате. Но, можеби и навистина сте заљубени, но страв ви е да кажете што чувствувате за да не делувате напорни.

Сакате да исплашите некого

Ова е добро позната и честа финта. Кога некој е заинтересиран само за вашиот физички изглед и кога сакате да го уплашите, ова е право решение. Ако на некој што е заинтересиран само за секс му кажете дека имате чувства за него, таа личност ќе исчезне затоа што едноставно не сака ништо повеќе.

Кога пријателството ќе се претвори во „нешто повеќе“

Спротивно од претходната шанса, доколку некој од двајца пријатели открие дека има чувства кон другата страна, тоа значи дека се и физички привлечени. Изговарајќи ја оваа фраза значи дека го правите првиот суптилен чекор без да го ризикувате вашето пријателство.

Постои можност навистина да имате романтичен интерес за вашиот пријател или вашата пријателка и тоа го кажувате за да видите како ќе напредува вашата врска.

Кога раскинувате со некој кој сѐ уште го сакате

Раскинувањето често е тежок чекор особено ако навистина ја цените другата страна. Ако во оваа ситуација ја кажете оваа фраза, тоа значи дека иако сѐ уште имате чувства, сепак најдобро е да се разделите. Но и оваа фраза често се смета за клише исто како „не е до тебе, до мене е.“

Сакате заклучок

Некогаш, кога некој ни се допаѓа, а знаеме дека не ни е возвратено, тивко ги натрупуваме тие чувства. И по некое време тие почнуваат да не мачат и во таква ситуација најдобро е човек да си олесни, без оглед на исходот.

Манипулирање со другите

Ова е многу лоша особина, но често се користи. Манипулативни луѓе ќе направат сѐ за другите да останат покрај нив. Некогаш сакаме луѓето да нѐ сакаат, па ќе поверуваме во сѐ што ќе кажат.