Село поделено на два дела - населено уште во времето кога се населувале Словените со Скопје

Ова скопско село е во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 969 жители.

Се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, на рамен полски простор, југоисточно од селото Кучевиште и југозападно од селото Бањани и има надморска висолина од 480 до 500 метри. Источно, близу селото тече Кучевска Река. Селото Мирковци е оддалечено од Скопје околу 10 километри.

На јужната страна од селото се наоѓа излетничкото место Чардак и манастирот Св.Илија кој плени со својата убавина. Манастирот е изграден пред почетокот на Втората Светска Војна, на местото кадешто постоеле остатоци од стариот манастир. Селото Мирковци е поделено на два дела: горно и долно Мирковци. Во горно Мирковци се наоѓа црквата Св.Петка изградена во 1874 година, а во долно Мирковци се наоѓа црквата Св.Никола изградена во 1873 година. Други помали цркви кои се наоѓаат на овој простор се Св.Богородица, Св. Маркулија и Св.Ѓорѓија кои се изградени во периодот по ослободувањето од турското ропство. Куќите во селото се поделени на стари и нови. Старите куќи се изградени пред Втората Светска Војна, а некои за време на турското ропство. По Втората Светска Војна, мал број од куќите се реновирани и оспособени за современо живеење, а мал број се напуштени и служат за сместување на земјоделски производи.

Селото се наоѓа на јужната страна до падините на Скопска Црна Гора на рамен полски простор, југозападно од село Бањани и југоисточната страна од село Кучевиште, одалечено од Скопје на 9-10км. На јужната страна од селото во непосредна близина се наоѓа излетничко место “Чардак” и манастирот Св. Илија. Источно, близу селото тече Кучевска Река. Селото има свој центар, мал плоштад, со убава чешма. Куќите се разделени на стари и нови. Старите куќи се изградени пред Втората светска војна, а некои и за време на турското владеење.

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 720 жители христијани (Македонци).

По втората светска војна еден број од куќите се реновирани и оспособени за современо живеење, мал број се напуштени и служат за сместување на земјоделски производи. За името наречено Мирковци се претполага дека е добиено по месната положба за разлика од другите села, сместено на рамница. Селото е староседелско, по преданијата, можеби, се населиле уште во времето кога се населувале Словените со Скопје и околијата. Има остатоци на стари градби на локалитетот „Развраниче“, „Шумарица“ и тоа: гробови, камен, покривна керамика, остатоци од стара црква, најверојатно ранохристијанска базилика.