Поглед во минатото - безгрижното детство во Скопје

Кој ги памети овие велосипеди? Дружбата и џагорот на децата низ скопските улици - слика која се поретко се забележува. 

Оваа фотографија предизвикува низа измешани емоции - топлина, радост, но и тага и носталгија по она што поминало. 

Во денешницата, изменети се многу работи, а една од нив е и начинот на дружење. Младите поминуваат се повеќе време на социјалните мрежи и телефоните, а и изгледот на Скопје е во голема мера различен. 

Што кај вас буди оваа фотографија? Во Фејсбук групата, „Стари скопјани“, насловена е како „Безгрижно детство“, а ја објавил членот Љупче Ѓошевски.