Во ова скопско село четата ја зазела беговската кула и со бомби го пробила турскиот кордон

Петровец (некогаш: Ибраимово) — село во Општина Петровец, во околината на град Скопје.

На крајот од XIX век Ибраимово било село в Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ибраимово имало 170 Македонци-христијани.

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ибраимово (Ibraïmovo) живееле 160 жители, сите Македонци и во селото работело народно училиште.

На крајот од 1904 г. во Ибраимово се одиграл битка меѓу четата на војводата Васил Аџаларски и турска потера, составена од аскер и башибозук. Четата ја зазела беговската кула во селото и во текот на ноќта со бомби успеала да го пробие турскиот кордон.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Ибраимово (Ibraimovo) како село со нејасен етнички состав.

Денеска ниската цена на комуналиите и на градежното земјиште, се главните причини за големата заинтересираност за локациите во зоната Ќојлија која е лоцирана на влезот кај аеродромот „Александар Велики“ која се наоѓа во Петровец.

 Покрај изградбата на три хотели  во оваа општина од пред неколку месеци се пушти во употреба италијанската болница од светски калибар. Тука се сместени приемниот деск, ресторан, кафуле, аптека и супермаркет. На четвртиот кат има хотел со 30 соби.

Изградбата на овој објект во Петровец на италијанскиот инвеститор Еуроиталија започна во 2011 година кога беше поставен камен темелникот на објект кој првично беше наменет за трговскиот центар. Италијанците тогаш најавија дека ќе инвестираат 10 милиони евра во Петровец.

По кратко време објектот беше пренаменет во луксузна болница која ќе е опремена со најсовремена апаратура, а вредноста на инвестицијата порасна на 50 милиони евра.