Се топи во уста: Сладок десерт со јаболки

Торта со јаболки!

Потребни состојки:

3 помали јаболки

3 јајца

100 гр мек путер

150 гр шеќер

150 гр брашно

50 гр густин

½ кесичка пециво

180 мл свежа павлака

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Јаболките излупете ги, исечете ги на четвртини, па на тенки ливчиња. Префрлете ги во помал сад и преку нив исцедете сок од половина лимон за да не потемнат.

Јајцата изматете ги со шеќер додека добро не се запенат. Додадете парчиња мек путер и миксајте додека не се соедини. Брашното помешајте го со густин и прашок за пециво и ставете го во изматените јајца.

Измешајте убаво да нема грутки.

Изматете ја свежата павлака во шлаг.

Додадете неколку лажици од изматената павлака во смесата со јајца и лесно мешајте од дното кон нагоре..додадете го остатокот од изматената павлака и повторно лесно измешајте.

Префрлете во калап за печење, и во тестото забодете листови од јаболка едно до друго.

Печете 30-тина минути. Проверете со чечкалица дали е печена, ако почне премногу да темнее можете да покриете со фолија.

Додека е топла нарисајте шеќер во прав.