Се судрија две возила на скопски булевар, повредена жена пешак

Вчера во 10.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Македонско – косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(38) од села Коњаре, скопско, при што бил удрен и пешакот З.У.(59) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.У., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобила Љ.П. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, , информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.