Се санираат пешачките патеки во Зоолошката градина во Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје, по налог на Град Скопје во текот на изминатиов период активно работат на санација на пешачки патеки во Зоолошката градина на градот.

Тие ги санираат оштетените бехатон плочи, рабниците на патеките, како и оштетените делови од заштитниот ѕид, а паралелно и санација на заштитните огради покрај патеките кои се оштетени.

- Работните активности на ЈП Улици и патишта Скопје продолжуваат и во текот на наредните денови до завршување на сите оштетени патеки во кругот на зоолошката градина, информираат од претпријатието.