Жирафата Каспер угина пред еден месец, а според патохистолошката анализа тоа се случило поради салмонела, објави „Макфакс“.
„Макфакс“ пишува дека Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата, каде што биле пронајдени и паразити.
Жирафата имаше 12 години, а во скопската Зоолошка градина беше жител од 2012 година.