Се разболевме од заљубитис

Се разболевме од заљубитис. Не е баш возможно да кожата да ми трепери кога случајно ќе ме допреш во ходникот. Не е баш возможно сѐ уште да постојат случајни допири. Наши. Не после толку многу години.

Се разболевме од заљубитис.

Како средношколци. Само што сега е срамота да признаеме дека ни е мака што не сме заедно. Или дека уживаме во заедничката самотија. Го знаеме тоа, само после 21 часот, кога ќе ги заспиеме деца, преуморни сме да зборуваме за тоа.

А малку сме и стари веќе. Чекаме Нова година во дневна соба, пиеме пиво и ја исмеваме новогодишната програма на телевизија.

„Порано се забавувавме.“

„И сега се забавуваме“ – велам.

Нашите погледи се смејат, нашите раце се прегрнуваат, нашите желби се сретнуваат над чашите. Никој нормален не го прави тоа. Само оние кои се разболени од заљубитис. Како поинаку да го објасниме тоа дека ни е доволно само да си седиме на мекиот кауч, да пиеме пиво и да слушаме смешна музика.

„Луѓето низ светов живеат раскошно, целосно и моќно. Патуваат, работата, владеат. А што правиме ние?“

„И ние живееме раскошно. Патуваме. Работиме. Владееме со себе.“

„Не би се сложила дека владеам со себе.“

„Не? А зошто?“ – се смешка како да не знае.

„Па, како да ти кажам, малку се разболев.“

„Знам. Од заљубитис. И имам убави вести.“

„Навистина?“

„Мхм. Тој вирус. Љубовта. Мојата љубов... па нема намера да те напушти.“

„А дали е преносливо?“

„Па веројатно гледаш по себе. Ни нема спас!“