Сакате да го намалите холестеролот? Ова се промените кои треба да ги направите

Холестеролот е дел од секоја клетка на секоја орган, кој придонесува за создавање на различни хормони. 

Photo by Hermes Rivera on Unsplash
 

За жал, тој често може да се заглави во ѕидовите на артериите, што може да предизвика срцев или мозочен удар, како и други здравствени проблеми. Затоа и докторите постојано посочуваат дека важно е да ги одржуваме ниски, нивоата на холестерол.

Но, важно е да се прави разлика меѓу добриот (HDL)и лошиот холестерол LDL. Добриот холестерол е оној кој не се задржува во артериите, па затоа важно е тој да биде повисок. Но, особено треба да внимаваме на лошиот холестерол кој најчесто е резулат на пржената и преработена храна.

Како да го намалиме холестеролот?

Photo by Anna Pelzer on Unsplash

Природни влакна

Најголем дел од луѓето не внесуваат доволно природни влакна. Тоа е проблем бидејќи ретко или недоволно консумираат целозрнест леб, грав,леќа и зелен зеленчук.   

Повеќе омега 3 масни киселини

Не заборавајте на омега 3 масните киселини кои се одговорни за одржување на холестеролот на ниско ниво. Тие се наоѓаат во чиата, лененото семе, оревите, како и во авокадото. 

Антиоксиданти

Не треба да забораваме на антиоксидантите кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, а и се особено високи во зелениот чај.