Романтична приказна на скопскиот аеродром - маж со солзи и рози ја дочека партнерката по 4 години разделеност

Љубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.

Многумина се обидувале да ја објаснат, дефинираат, но секогаш постои некој дополнителен збор, реченица која се надоврзува и  прави оваа тема да остане недообјаснета, недокажана. Или како што рекол Елин Пелин „ сè што ќе се каже за љубовта, сè е вистина“.

Романи и романи се пишуваат за она што вчера се случи на скопскиот аеродром. Трогателна и навистина романтична приказна. 

„Доцниш 1.399 дена“, со солзи во очите, со букет прекрасни рози и со тон емоции, вака еден сопруг ја пречека својата партнерка на аеродромот, по 4 години разделба. 

Погленете ги фотографиите, кои носат еден тон емоции.