Потресна приказна: Не можам да му обезбедам храна и нормални услови за живот на син ми

Уште една тешка животна приказна доаѓа од н. Точила во Прилеп, а овој пат емисијата „Срце на дланка“ објави за Цене Маџуни, која животот го минува во социјален стан од 20 м2.

Маџуни пред повеќе од 20 години го губи својот татко и тлото под нозете со неговата загуба бидејќи од него добивала најголема поддршка.

Цене има два сина, Емил и Далибор кој го следи несреќа поради излив на крв во мозокот.

- Свесна сум за грешките во минатото, но никако не можам да ја смирам болката во срцето, зашто не можам да му обезбедам храна и нормални услови за живот на синот Емил кој има само 13 години, вели Цене.