Оваа жена е борец и хероина на свото постоење, нема да поверувате со што се соочила во животот


Христина Арсова  е  жена-борец. Таа е  хероина која во животот поминала низ секакви тешкотии и предизвици. 

Нејзината приказна раскажува за непресушната желба таа да го живее животот за неа, а не судбината да ѝ ги земе сите сили од неа. На само едногодишна возраст оставена во мајчин дом, подоцна посвоена, по што почнува нејзината борба за опстанок.. Од 2008 година е вработена во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, низ годините докажувајќи ги своите вредности и посветеност успева да биде унапредена и продолжува да работи посветено. Освен што е спортистка, студентка и работник, таа е родољуб – борец за својата земја, доказ за тоа е нејзиното овогодишно учество во Илинденскиот коњанички марш до Крушево. Во продолжение следи нејзината животна приказна...

„Откако првпат се разделив од мајка ми, спортот ме научи на борбениот дух“, истакна таа.

Таа истакна дека нејзиниот живот ја научил  дека човекот што ни дава живот, не секогаш е нашиот родител. Покрај тоа таа пронајде потпора во спортот за да може да преживее. 

„Искрено благодарение на фудбалот ја изградив мојата личност, којашто сум денеска, а тоа е ред, дисциплина и тимска соработка. Спортот ме научи за борбениот дух со кој и понатаму во животот се соочувам. Од 2003 година со самото формирање на големиот женски фудбал во Р. Македонија започнав во тимот ЖФК „Ломбардини“, каде што исто така сум им благодарна на стручнот штаб кои беа тука во најтешките моменти. По формирањето на женската фудбалска лига исто така и реперезентација во која заземав место да бидам дел од државниот дрес од околу 14 години ги бранев боите на репрезентативниот дрес и имам изиграно околу 40 меѓународни натпревари. На моите 17 години ја изгубив мајка ми, светот ми беше срушен бидејќи таа ми беше се’ што имав од семејството, ама баш се’ Никогаш не барав да ме сожалуваат, барав само шанса, чесно да заработам, таа шанса ја добив во Градски паркинг”, раскажа Арсова.

Таа раскажа и за тоа како нејзиното семејство ја исфрли на улица по смртта на мајка си, но таа не се откажа од себе ни од својот живот.

„После големата борба, за да си обезбедам покрив над глава, одлучив да го оставам спортот. За да продолжам да се борам за да добијам покрив над глава и некоја работа, за да можам да опстанам. До ден денес никогаш не побарав да ме сожалат барав само шанса, чесно да заработам. По моето излагање во емисија-Бисери кај Анета Кочишки за мојот животен пат, телефонски се јави секретарката на Градски паркинг и истите посочија дека сакаат да ми помогнат, тоа беше во 2008 година, кога бев повикана на состанок и истите со тогашниот директор одлучија да ме вработат. Меѓувремено го завршував средното образование и истовремено имав проблеми со станот во кој живеам сега, за кој судскиот процес траше 9 години и истиот заврши во моја полза. Следнот чекор беше запишување на правен факултет на отсек Новинарство и односи со јавност. За ова тогашната власт ни овозможи на ранливата категорија да се до образоваме и ни овозможија финансии за школување. Подоцна по долгото работење во Градски Паркинг од околу 14 години како инкасант – наплатувач, и со назначување на локалната власт ми се даде повторно шанса да ги истакнам своите вредности, односно тие беа препознаени од страна на Градоначалник на град Скопје Данела Арсовска и директорот на јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, М-р.Бојан Христовски, по што бев унапредена на работната позиција”, раскажа таа.

Покрај тоа не криеше колкава чест претставуваше за неа да оддаде почит кон паднатите борци од Илинденското востание.

„Со самото образовање и изучување на историјата на Република Македонија за Илинденското Востание од 1903 година - симболот на македонскиот непокор за нашите херои, бев инспирирана еден ден и јас да дадам учество и да го поминам патот на црешовото топче, каде што движеле славните јунаци од Илинденското востание. И по долгото исчекување ми се овозможи да оддадам почит кон паднатите борци од Илинденското востание и по тој повод ми овозможија да бидам дел од здружението Бигорски манастир - ,,Патот до црешевото топче'', кадешто учествував преку организиран коњанички марш како жена борец”, раскажа Арсова.