Ни „Снежана и седумте џуџиња“ не им чини на денешните млади

„Снежана и седумте џуџиња“ е една од најомилените бајки на многу генерации, која има добиено и Дизни и филмувана верзија.

Сепак, неодамна на одредена група луѓе им „засмета“ бакнежот со кој принцот ја враќа Снежана во живот. Според нив, тој бакнал непозната девојка, која практично е мртва, без нејзина дозвола. Слични се реакциите и за принцезата Аурора, односно Заспаната убавица. Без да се навлегува во логиката на бакнување мртви тела, поголем проблем се создаде околу бакнежите без дозвола на другата засегната страна. 

„Снежана и седумте џуџиња“ има и неколку адаптации на приказната, бидејќи во оригиналната верзија има голем број бизарности, како што се неколку обиди за давење и чешлање со затруен чешел, пред лошата маќеа да одлучи да го употреби отровното јаболко. Уште поинтересно е што во изворната верзија на браќата Грим принцот воопшто не ја бакнува Снежана, туку едно од џуџињата се сопнува, па парчето отровно јаболко излегува од нејзината уста и таа се буди. 

Приказната завршува со нивната венчавка, а лошата маќеа танцува со вжарени оловни чевли додека не падне мртва на нивната свадба.