Реконструкција на стар Качанички пат во Визбегово

Деновиве,започна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово.

Имено станува збор за дел од патот кој води покрај бензиската пумпа,во должина од 230 метри и широчина од 7 метри.

На реконструираниот стар Качанички пат ќе бидат поставени тротоари и канделабри долж улицата,со што се подобрува како сообраќајот така и безбедноста на пешаците во овој дел од Визбегово.