Рецепт на денот: Вкусна пита со ореви

Се прави од обични состојки, а повеќето од нив веројатно веќе ги имате дома. Ова е рецепт на искусни домаќинки, но ќе им помогне и на оние без кујнско искуство и помалку вештини.

Колачот е фантастичен за со чај или кафе.

Состојки:

- 500 гр. брашно

- 1 кесичка прашок за печиво

- 200 гр. шеќер

- 2 кесички ванилин шеќер

- 1 јајце

- 200 гр. маст

- 6 лажици мелени ореви

- 2 супени лажици гриз

- 300 гр. џем од сливи

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги маста, шеќерот, една кесичка ванилин шеќер и целото јајце и сето убаво изматете го со миксер.

Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па половина мерка додадете ја во садот со другата смеса и мешајте уште неколку минути. Исклучете го миксерот, па во смесата додајте го остатокот од брашното, брзо измешајте со врвовите на прстите да се направат грутчиња и сè убаво соединете.

Во плех обложен со хартија за печење се истура малку повеќе од половина од смесата и убаво се замесува со раце. Премачкајте со џем, а во остатокот од смесата со брашно додадете мелени ореви, уште една кесичка ванилин шеќер и гриз, па со лажица рамномерно прелијте ја смесата врз џемот. Се пече во загреана рерна на 180 C околу половина час и додека кората убаво не порумени.

Добар апетит!