Жителите на Слупчане го блокираа влезот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да го санираат дефектот, а тоа предизвика голем број реакции на Твитер.
- Европскиот фронт во прогресивното Слупчане со запалени гуми им го блокира патот на антиевропските сили на ЕВН, пишува еден корисник на Твитер.
- Добро утро од „Европска Македонија“ и најевропско Слупчане. Во европско Слупчане, годишно се краделе 6 GW/h струја, или околу 1 милион евра, вели друг твитерџија.
- Во Слупчане 80% од струјата се краде, останатата не се плаќа, реагира уште еден твитерџија.