Расчистени три диви депонии во општина Гази Баба

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ вчера расчисти три диви депонии на различни локации во општина Гази Баба.

-Секојдневните диви депонии направени од несовесни граѓани претставуваат дополнително оптоварување на нашиот капацитет. Во делот каде што човечкиот фактор има големо влијание за настанување на истите тие диви депонии неминовно е да се констатира дека недостасува поголема свесност за зачувување на чистите средини. Освен за лошиот лик на нашата прекрасна Општина Гази Баба влијае и на нашето здравје, велат од претпријатието.

Дивите депонии биле расчистени во Товарник, кај Ханибал и кај Караорман.