ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани неколку диви депонии лоцирани на улиците „Вуковарска“, „Серава“ и „Славеј планина“.
-Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 30 кубни метри кабаст и мешан комунален отпад од диви депонии во скопската општина Чаир. Станува збор за локации каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини, информираат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Од претпријатието апелираат до граѓаните својот комунален отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови, а воедно Претпријатието им ја нуди можноста без плаќање паричен надоместок да ги одложат стариот неупотреблив мебел и електричните апарати во центрите за селекција лоцирани во Карпош и во Вардариште.