Комуналните служби на Општина Аеродром расчистуваат две депонии

Комуналните служби на Општина Аеродром изминативе денови интензивно работат за расчистување на две депонии.

Првата е лоцирани кај мостот во Долно Лисиче, а втората покрај булеварот „Февруарски поход“ во Лисиче.

Општина Аеродром апелира до граѓаните за совесно и одговорно однесување.

-Отпадот неопходно е да се одложува на точно определени локации за таа намена. Со тоа ќе се избегне создавањето диви депонии и заеднички ќе придонесеме за зачувување на здравата и чиста околина, апелираат од општината.