Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје од почетокот на тековната седмица отстранија 60 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини.

-Приближно 20 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, во скопската општина Бутел.

Отстранети се и вкупно 40 кубни метри отпад од повеќе мини-депонии лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров,  на улицата „Владимир Полежиновски“ зад Универзалната сала, како и на улицата „Самоилова“, во близина на Амбасадата на САД.

Воедно, во текот на вчерашниот ден, Претпријатието спроведе миење и дезинфекција на садовите за одлагање на отпадот заедно со нивните микролокации, на штотуку реконструираната улица „Даме Груев“ во скопската општина Центар, соопшти ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.