Работи кои секогаш ќе ви недостигаат кога ќе помислите на поранешните другарки од детството...

Пријателствата понекогаш траат цел живот, но многу често и се прекинуваат. Со нас до крај остануваат пријателите кои можат да се избројат на една рака. Понекогаш пријателството не прекинува поради караница или забиен нож, понекогаш завршува поради различни патишта, оладување и слично. Но, спомените не можат да избледеат, па така има работи кои секогаш ни недостасуваат кога ќе помислиме на пријателот кој веќе не е покрај нас. Ова се само дел од нив:

1. Сите ветувања кои сте си ги дале еден на друг. Патувањата на кои требаше да одите. Шопингот со првата плата. Понекогаш размислуваме на тоа како би излегле тие работи кога би се оствариле.

2. Пораките кои си ги пишувавме секогаш кога ќе се случеше нешто важно. Ако го видите поранешниот дечко или новата девојка на нејзиниот поранешен дечко. Или обратно. Или ако сведочите на смешен настан. Сите тие пораки со интерни шеги, со кодови кои само вие си ги разбиравте.

3. Споделувањето на сите детали за  љубовниот живот. Првиот бакнеж, првиот дечко, првиот секс, додворувањата, погледите, симпатиите, скршените срца... Сите тие часови поминати во совети, плачење, смеење, пеење... Тоа не може да не недостасува.

4. Семејствата повеќе не ви се испреплетени. Порано толку често бевте една кај друга, што неизбежно беше и семејствата да почнат да се дружат, да одите заедно на одмори, на прослави, родендени и слично.

5. Заедничките рутини. Секој петок после часовите на кафе во кафулето во близина на училиштето. Заедничкото маратонско гледање на филмови секоја сабота. Излегувањето во парк летно време за да си ги видите симпатиите.

6. Позајмување облека. И шминки. Розевата маичка подобро одеше со вашите фармерки, а вашето црно фустанче беше како измислено за нејзиното ланче.

7. Моментите кога не правевте ништо, а сепак се забавувавте.  Кога зјапавте во телевизорот без поента, кога седевте на тераса пиејќи кафе во молк, а сепак некако ви беше забавно и пријатно.

8. Шегите кои само вие ги знаевте и кои никој друг не ги разбираше. Сега може да ги имате и со други пријатели, но тоа не е тоа. Вие и вашата поранешна пријателка технички имавте ваш сопствен јазик со кодови кои само вие ги знаевте.

9. Кога ќе шетате низ град и ќе здогледате нешто што знаете дека тие би го сакале, а не можете да им го подарите затоа што веќе не сте во нивниот живот. Тогаш ви недостасува се: личноста, времињата, спомените...

10. Разговори до раните утрински часови за се и сешто...без разлика на тоа дали сте една кај друга или седите во маало, можевте со часови да седите и да зборувате за се што ќе ви падне на ум. И тоа веќе не можете да го правите со ниту еден друг пријател.

11. Тоа што правевте работи кои никогаш повторно не можевте да ги правите со други пријатели. Глупирање, досетки, танцување ко луди. Тешко е повторно да се развие таа блискост со други луѓе.

12. Тоа што имавте личност којашто едноставно ве разбира поради тоа што се знаете толку долго. Да, секогаш можете да најдете нови пријатели, но без историја, тие пријателства се различни. Кога некој знае и како дишете, се е различно. Тоа создава поврзаност која се гради со години и не може туку така да се замени со нова.