Приведено лице кое продавало пиротехнички средства

На градскиот плоштад во Тетово вчера во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле тетовецот Ш.З.(50) затоа што кај него биле пронајдени и одземени околу 560 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Од МВР денеска информираа дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок по член 69 став 1 од Законот за заштита од експлозивни материи.