Запленети околу 7000 парчиња пиротехнички средства во Битола

На 22.12.2023, петок во 20.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, при преглед на патничкото возило „поло" со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. биле пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Битолската полиција извршила нова заплена на пиротехнички средства веќе денес и тоа во раните утрински часови. Имено врз основа на наредба на Основен суд Битола бил извршен претрес во домот на З.Т.(60) од Битола каде во помошната просторија што ја користел биле пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.