Полицијата заплени над 6.000 парчиња пиротехнички средства

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Ресен вчера извршиле претрес во домот на К.К.(57) и во неговиот продажен објект.

При претресите, како што информираат денеска од МВР, пронајдени се 6.064 парчиња разновидни пиротехнички средства, а исто така пронајдени и одземени се повеќе пакувања тутун.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.