Претрес во Виница, одземени 3.000 пиротехнички средства

Вчера во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода 19-годишниот Ф.А. од Виница, извести МВР.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства“, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.