Приведени две лица за помагање во врска со вчерашниот инцидент во Арачиново

Две лица се приведени под сомнение за помагање во врска со инцидентот кој се случи вчера во Арачиново, кога беше отворен оган врз градоначалникот на општината, Ридван Ибраими, пренесува МРТ. 

Од МВР велат дека полицијата е на терен и постапува. Од скопското обвинителство, пак, велат дека во континуитет се издаваат наредби и насоки со цел расветлување на случајот.

Вооружениот напад со огнено оружје се случи вчера, среде бел ден, а целта на нападот беше градоначалникот Ибраими.

Во инцидентот повредени беа две лица кои биле во негова придружба и тие се префрлени на лекување во скопските болници. Мотивите за нападот официјално не се познати.