Престанете да ја барате љубовта, дозволете таа едноставно да се појави

Што ако престанеме да ја бараме љубовта?

Наместо тоа, би можеле да живееме во сегашниот момент – сега и тука. Замислете што би било кога би биле во состојба јасно и гласно да кажеме: „Ова тука сум јас и добро сум.“

Сета таа потрага по љубов нѐ уморува на крајот. Мене ме умори. Ме излудува таа потрага, таа борба, поради која на крајот се чувствувам несигурно, лудо и празно.

Ние сакаме надворешниот свет да ги смири нашите внатрешни стравови, но тоа ретко се случува, ако воопшто се случува.

Ја знаете онаа слатка слика која ја имаме за љубовта, онаа за која се зборува во филмовите, песните и општеството? Лажна е. Кога го задржуваме уверувањето дека друга личност или искуство ќе ни даде можност да се чувствуваме целосно, тогаш зад вратата нѐ чека неволја. Тоа е она што ние постојано го правиме – очекуваме дека некоја надворешна сила ќе направи да се чувствуваме потполни. Јас го направив тоа неколку пати.

Кога веруваме дека нашата вредност доаѓа однадвор, секогаш ќе имаме чувство дека ни е потребно повеќе љубов. Ова не е нешто ново, само искрена информација. Колку и да одбиваме да ја прифатиме вистината, сепак факт е дека никој никогаш нема да може да нѐ исполни, ако претходно тоа самите не се исполниме себеси.

Иронијата е во тоа што кога трчаме за да дофатиме нешто, обично тоа нешто бега од нас уште побрзо.

Не постојат многу работи кои можеме да ги контролираме. Зошто тогаш би се обидувале да го правиме тоа со нешто толку прекрасно како љубовта?

Ајде да го свртиме погледот кон нас и да погледнеме што имаме во нас.

Излезот од страдањето се наоѓа во нас. Нашата слобода ќе ја пронајдеме ако се свртиме кон сопствените срца, а не да со обидите насила да влеземе во туѓите срца.

Зарем тоа не е она коешто сите го сакаат: Да се чувствуваат добро поради тоа што во овој момент се токму онакви каквишто се?

Застарено е веќе тоа трчање за љубовта, затоа што сфативме дека веќе ја имаме. Повеќе не се чувствуваме скршени, затоа што престанавме да веруваме дека нешто ни недостасува. Замислете што би било кога тоа би го правеле целиот живот?

Единствен начин преку кој љубовта ќе нѐ стаса и ќе влезе во нашиот живот е преку нашето сопствено прифаќање на самите себе. Тоа нема веднаш да се случи. Потребно е време за да се засакаме себеси. Во мојот случај, љубовта кон самата себе се појавила откако сум ги исцрпила сите други извори. А верувајте ми, насекаде ја барав.

Но, кога ќе почнеме да бидеме нежни кон самите себе, тогаш почнуваме да ги привлекуваме и другите луѓе. Кога ќе се чувствуваме исполнето и целосно, другите луѓе не чувствуваат притисок. И тогаш сакаат да бидат во наша близина. Смешно е што во таа ситуација ние повеќе не се замараме со тоа. Повеќе не ни се потребни други луѓе за да имаме чувство дека вредиме.

Затоа, ве молам преземете ризик – откажете се од овие бескрајни потраги по љубовта. Изворот се наоѓа во вас.

Да ја пронајдеме љубовта во нашите срца. Да се проучуваме себеси без осуди.

Ние не сме скршени, ние сме целина. Ништо не ни е потребно за да бидеме поинакви. Сѐ си е таман како што треба.

И откако ќе го направиме тоа, тогаш навистина ќе можеме да ја запознаваме љубовта, затоа што таа, конечно се појавила од длабочините на нашето срце.