Човечкиот мозок е прекрасен. Со негова помош мечтите ги претвораме во фантазии. Каков би бил светот без луѓе кои сонуваат и мечтаат? Апсолутно досаден. Фантазиите не се само забавни туку се и многу важни затоа што често ни помагаат да се опуштиме, да ги разбереме своите длабоко вкоренети желби, а понекогаш дури и да нѐ инспирираат да испробаме нови работи или да постигнеме наизглед недостижни цели.
Кога станува збор за сексуалните фантазии тие сѐ уште се прилично табу тема и скоро никој не сака да отворено да разговара за тоа, особено со партнерите. Сите сонуваме за секс. Поточно, тие пријатни еротски мисли од кои чувствувате морници по телото не се само нормални, туку се и пожелни. Исто така, важно е да се напомене дека многу луѓе мечтаат за работи кои всушност никогаш не би ги направиле во реалноста така што едноставно кажано, кога е во прашање мечтаењето, сѐ (буквално сѐ!) е дозволено.
Тројца е подобро од двајца
Моќната тројка. Ова е честа фантазија и на мажите и на жените, независно на кој пол би припаѓала третата личност. Без разлика на сексуалната оријентација, многумина од нас сонуваат за трета личност за време на интимните моменти со својот партнер. Зошто? Зошто да не! Многу жени се идентификуваат како хетеросексуални, но го ценат вниманието на некој кој знае како најдобро да им погоди. Мажите, од друга страна, сакаат да им ги исполнат сите желби на двете партнерки, а ист труд ќе вложат и двајца партнери исполнувајќи ѝ ја секоја желба на партнерката.. тоа е многу секси и е уште една фантазија за исполнување на многумина.
Да играме надвор
Со фантазијата можеме да одиме секаде, а сексот надвор од спалната соба овозможува да уживате во својата разиграна, егзибиционистичка страна: секс на плажа каде што ритамот на брановите ќе го диктираат темпото на партнерот, секс во длабока шума или на зелена ливада, е доволно возбудлив предизвик за кој вреди да се проба. Кај фантазијата, за разлика од реалноста, одлично е што немате трева или песок на своите интимни делови околу кои би требало да се грижите.
Секси и креативно играње улоги
Најдобриот дел на оваа фантазија е можноста да бидете кој сакате. Без разлика дали играте улога на наредник, преземајќи потполна контрола, управувајќи и задоволувајќи ги најдлабоките желби на вас и на вашиот партнер; или влегувате во друга покорна улога, исполнувајќи го секој сексуален нагон на својот партнер. Можеби повеќе сакате фантазии за униформи, како полицаец со лисици на рацете кој ги казнува затворениците; или непристоен ученик кој го исмејува својот професор на часот по математика..
Можностите се бескрајни, важно е да си дозволите да се ослободите. Можеби дури и да се обидете да направите чекор напред и да споделите една или повеќе од нив со вашиот партнер. Можеби ќе се изненадите колку се слични вашите фантазии и ова ќе ги донесе вашите најлуди соништа чекор поблиску до реалноста.