Пред да се вљубите во вистинскиот, треба да искусите други видови љубов

Човекот се чини дека целиот свој живот е во потрага по својата друга половина, по вистинската личност со која ќе ја доживее најголемата љубов во својот живот. Личноста со којашто ќе остари, личноста со која заедно ќе градат иднина, ќе воспитуваат деца. Личност со којашто ќе ги надминуваат сите предизвици во животот и со која заедно ќе се смеат и заедно ќе плачат.

Ова не е воопшто лесно да се постигне. Некои луѓе побргу ја наоѓаат таа личност, за некои тоа е навистина потешко. Сепак, додека трагаме по вистинската личност за нас, има и други видови љубов кои често ги забораваме, а подеднакво се важни во процесот на себеспознавање и барање среќа. Кога ќе ги искусиме овие видови љубов, ќе бидеме посреќни, ќе најдеме еден поинаков вид на мир. Кога ќе го постигнеме тоа, ќе бидеме на чекор поблиску до пронаоѓање и на онаа љубов по која трагаме целиот живот.

Најважно е да ја искусиме онаа љубов, која можеби е најважна љубов и која го носи човекот чекор поблиску до остварување на сите соништа е љубовта кон самиот себе. Кога конечно ќе се заљубиме во самите себе, кога ќе си ги откриеме добрите страни и со гордост ќе ги поседуваме, тогаш ќе изградиме многу подобар пристап кон светот и ќе имаме многу подобар однос со луѓето и со животот.

Треба да се заљубиме во нашата работа. Има една многу позната реченица која вели: „Работи го тоа што го сакаш и не мора да работиш еден ден во твојот живот.“ Кога ќе се заљубиме во нашата работа, кога ќе ја сакаме од срце, тоа повеќе не е работа, тоа станува страст, начин на живот. Кога ќе се заљубиме во нашата работа, ќе станеме позадоволни од многу работи, ќе се справуваме полесно со стресот и ќе полесно и побрзо ќе ги извршуваме нашите обврски.

Во животот мораме да се заљубиме и во нашиот град. Градот во којшто живееме е дел од она што сме, дел од тоа што не оформува како личности. Спомените, луѓето, местата и настаните кои ни се случуваат водат кон тоа да бидеме тоа што сме. Кога го љубиме градот во којшто живееме, ќе бидеме посреќни, ќе бидеме исполнети со мир и хармонија.

Можеби една од најважните работи во животот е да бидеме заљубени во нашите сопствени соништа.Искрено да го сакаме она во коешто сонуваме. Кога навистина ги сакаме нашите соништа, кога не правиме омаловажување во тоа во коешто сонуваме, ќе почнеме и да се бориме за да се остварат. А кога ќе направиме да се остварат, ќе се чувствуваме дека целиот свет е наш и дека можеме да направиме што сакаме.

И како за крај, она што можеби е и сублимат на претходните четири е љубовта кон сопствениот живот.Човек мора да се заљуби во сопствениот живот. Кога ќе го сакаме нашиот живот, тогаш ќе се ослободиме од непотребните стеги. Ќе научиме да бидеме среќни, да го цениме тоа што го имаме и енергијата којашто ќе ја шириме ќе биде експлозивна и магнетна.

За да ја пронајдеме вистинската личност, самите ние треба да се изградиме во здрави и среќни личности. Кога ќе дојде вистинската личност, а ние веќе ги имаме изградено овие здрави темели, тоа ќе биде врска којашто ќе освои се пред себе, вие ќе бидете незапирлива сила која ќе воодушевува со својата љубов.