Позитива на денот: Жена возач на автобус во ЈСП плус самохрана мајка

Макфире Шакири веќе подолго време е возач на автобус во ЈСП. Жена која без проблем се справува со големите градски метежи, сообраќајната (не)култура, пристојни, непристојни, но и нервозни и дрски возачи и патници. 

Таа е една од ретките жени, возачи на автобуси, но вели дека лесно и брзо се снаоѓа во секоја ситуација, а згора на тоа е и самохрана мајка. 

Таа пред некој ден на својот Фејсбук профил, сподели фотографија од себе, како позира пред автобусот на ЈСП. 

„Добро утро од Огњанци! Ви посакувам убав ден добри луѓе...“, со оваа позитивна реченици, си ја опиша својата фотографија.