Главен град или џунгла – змија фотографирана во центарот на Скопје

Фотографија од змија направена во Скопје попладнево беше испратена до редакцијата на Скопје Инфо. Според читателот станува збор за змија која е фотографирана во центарот на градот, пред зградата на „Нова Македонија“

Додека граѓаните мака мачат со влекачите, надлежните институции си ја префрлуваат топката околу одговорноста.

Пред само неколку денови од градот информираа дека согласно со Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија.