[ИНСТАГРАМ ФОТО] Владата ја враќа старата метална ограда околу зградата

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда.

Оградата која беше поставена во 2015, во времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а извадена во 2019, од Зоран Заев, за објектот да биде отворен за граѓаните, повторно ќе биде поставена околу објектот.