Посна погача со компир

СОСТОЈКИ:

40 гр квасец

400 мл млака вода

700-800 гр брашно

2 лажички сол

2 лажички шеќер

100 мл масло

4 средни компири

150 гр посен маргарин

3-4 лажици посен мајонез

сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите згответе ги во лушпа и оставете ги да се изладат. 

Во вангла издробете квасец, измешајте со шеќер, 3 лажички брашно и 100 мл млака вода. Оставете на топло да надојде. Потоа додајте го остатокот од водата и маслото, измешајте па додајте брашно. Прво помала количина, измешајте со лажица, додајте сол па остатокот од брашното. Оставете да надојде околу 30 минути. 

Тестото премесете го и поделете го на 8 помали јуфки, секоја развлечете ја тенко. На кружна тепсија ставете хартија за печење или намастете со маргарин, редете кора, малку рендан компир, неколку лажици растопен маргарин, сол и така сè до крај. 

Засечете ја погачата на неколку места и оставете да надојде. Премачкајте со мајонез, посипете со сусам, може и рузмарин и печете на 200 степени околу 40 минути.