Полицијата казнила 223 лица поради брзо возење

Во текот на вчерашниот ден во акциска контрола на МВР поради брзо возење казнети се 223 возачи.Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР