Тешко повредена скопјанка: Паднала правејќи „селфи“ кај „Заливот на коските“

Во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р. (32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски” во близина на охридското село Пештани, паднала и добила тешки телесни повреди.

Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување