Писмо до мојот прекрасен сопруг...

Драг најмил мој,

Понекогаш сѐ делува хаотично и пребрзо, како ветерница која не можеме да ја сопреме. Времето лета и некогаш не успевам да те видам како што треба. Но, кога за миг ќе застанам и ќе те погледнам, го гледам изворот на мојот живот, процесите кои те направија постар, посилен и помудар. Ти си истиот човек кој беше и кога се венчавме, но истовремено си и сосема поинаков. Ние пораснавме заедно. Искрено се гордеам со човекот кој си сега.

Те имам видено и во твоите најдобри, но и во твоите најлоши изданија. И ти мене ме имаш видено во моите најдобри, но и во моите најлоши изданија. Заедно поминавме низ сѐ и сешто и сѐ уште се сакаме и поради тоа сме создадени еден за друг. Понекогаш очекувам сѐ од тебе. Работи за кои не си ни задолжен, како на пример да ме правиш среќна, слаба или совршена. Жал ми е. Знам дека тоа не е твоја задача.

Понекогаш, кога сум лута на себе, ти се лутам на тебе. И ја исфрлам лутината на тебе. Кога сум нервозна или депресивна и ти превртувам со очи. Тогаш секако сум неутешна, па што и да кажеш ќе биде погрешно. Мојата внатрешна борба е само моја. Жал ми е што во хаотичното секојдневие ти го подарувам само најлошото од мене, а не најдброто. И тоа се случува многу почесто отколку што би сакала да признаам.

Денес, како и секој друг ден, сакам да ги знаеш овие работи:

Ти си мојата омилена личност.

Ти си мојот омилен човек со кој сакам да минувам низ тешките моменти во животот. Ако веќе се будам со плачење, сакам да се пробудам до тебе. Ако веќе се борам, паѓам и се распаѓам, сакам да го правам тоа со тебе.

Ти си мојот омилен човек со кој сакам да одам на авантури. Со ниту еден друг човек не сакам да се качувам на планини, да летам со авион или да имам деца. Со ниту еден друг човек не сакам да се впуштам во непознато. Ти си мојот човек, ти си мојот дом и со тебе би одела до крајот на светот.

Ти си мојот омилен човек за прослави. Со ниту еден друг човек не сакам да седам на трпезариска маса и да пијам вино, само со тебе.

Ти си мојот омилен човек за смеење. Обожавам да гледам комедии со тебе и да ја исмевам лошата глума и плиткиот заплет. Сакам кога ме зафркаваш и ниту со еден друг човек не би сакала да се зафркавам.

Ти си мојот омилен човек за плачење. Кога плачам со тебе, не морам да бидам убава или одмерена. Можам да липам на цел глас, со размачкана маскара. Не се трудам да се приберам. Ме познаваш  и не се плашам да ме видиш таква.

Ти си мојот омилен човек за родителство. Се трудиме да ги воспитаме најдобро што знаеме, а ни јас, ни ти немаме баш поим што правиме. Но, сепак ги сакаме најмногу на цел свет и се трудиме да бидеме најдобри родители што можеме. Ти даваш сѐ од себе и се гордеам со тоа каков татко си на нашите деца. Ти си мојот омилен човек за таа улога, а сигурна сум дека и нашите деца би се сложиле со тоа.

Ти си моето омилено изненадување. Знаев дека се мажам за човек кој го сакам и кому се восхитувам, но не знаев во каков човек ќе се развиеш. Не знаев каков татко и сопруг ќе бидеш. И во добро и во лошо. Не знаев како во прегратка ќе ги носиш нашите бебиња, особено во тие први денови од нивниот живот. Не знаев како ќе се носиш со финансиски потешкотии. И не знаев дека ќе ме држиш за рака веднаш по некоја кавга. Не знаев дека ќе им ги чешлаш косите на нашите ќерки, ниту пак како ќе ги учиш да веруваат во нивните соништа.

Тогаш не знаев. Но, сега сум благодарна што те одбрав тебе.

Знам дека секогаш се прашуваш дали правилно си постапил и дозволи ми да ти кажам нешто: многу добро постапуваш. Подобро отколку што некогаш можев да замислам.

Ти си мојот најдобар пријател и моето најголемо изненадување.

Те сака,

Твојата сопруга

cheap nike free run 5.0