Пица, но на здрав начин

Пицата има толку многу варијации, почнувајќи од италијанската тробојна верзија, па се до американскиот стил со дебело тесто и многу сирење. 

Но, има и вегетаријанска, веганска, макробиотичка, всушност, можете да ја прилагодите на вашиот животен стил, со тоа што ќе бидете покреативни со здравите состојки. 

Ова е еден интересен предлог:

За тестото:

1 шолја овесни снегулки
3 белки од јајце
1/4 шолја растително млеко
1/4 лажиче прашок за печиво
1/4 лажиче сол

Подготовка:

Овесните снегулки ставете ги во блендер и блендирајте додека добиете овесно брашно. Додајте ги белките, прашокот за печиво и солта. Блендирајте додека сите состојки се соединат. Истурете ја смесата во тава, која е претходно обложена со хартија за печење. Со помош на лажица оформете кружна форма на тесто за пица. Печете 10-12 минути во загреана рерна на 200˚Ц. 

После ова, можете да ставите доматен сос или песто, па наредете додатоци по ваша желба. Ако сакате целосно здрав оброк, додајте тиквичка на тенки кругови, маслинки, печурки, моцарела, пиперки, пченка... 

Вратете да се допече, па кога е готова декорирајте со рукола.