Ако ја гледате серијата „Пријатели“, тогаш мора да ја пробате оваа пица!

Омилено јадење или симбол на пријателство? Пицата е јадење кое не познава граници, а секогаш има одличен вкус, изглед и мирис. Па така, доколку и вие сте фан на серијата „Пријатели“ и за вечерва имате испланирано време со себе или со вашето друштво, тогаш мора да ја приготвите оваа пица.

Ова е рецептот на познатата холивудска ѕвезда Џенифер Анинстон, односно глумицата која го толкува ликот на Рејчел Грин во мега-популарната серија „Пријатели“.

За да ја подготвите пицата по рецептот на Џенифер, која инаку е голем гурман и љубител на храна, потребни ви се овие состојки:

  • тесто за пица (или самите да го подготвите)
  • малку моцарела сирење
  • 2 исечкани пиперки
  • 2 лажички маслиново масло
  • малку исечкан кромид
  • малку рукола
  • неколку црни маслинки
  • малку лук
  • 1 лимон

Пред да почнете со готвење, пуштете си ја вашата омилена епизода од серијата или запејте ја песната од почетокот на секоја епизода, заборавете на грижата и исполнете го вашето тело со позитивни вибрации. Потоа кога сте среќни и доволно расположени, загрејте ја рерната на 220 степени. Тестото за пица ставете го на плех за печење, па потоа прелијте го со маслиново масло и на крај  со сос од домати. На тоа ставете лук, рукола, сирење, маслинки, пиперки и кромид. Рерната треба да биде добро загреана пред да ја ставите пицата. За тестото да биде готово, мора да се пече минимално 15 минути. На крај, додајте парчиња лимон.

Наздравје!