Петок, 09.09 Денес е денот на судбината!

Не очекува многу интензивна фаза, фаза која ќе ги исчисти токсините од нашите животи! Нездрави навики, екстремно однесување, застарени верувања и ирационални стравови, сето тоа ќе остане во минатото! Се што ни ја намалува енергијата и ни создава чувство на нервоза ќе замине како да никогаш не ни постоело.

Во нумерологијата денешниот датум, 9-ти септември 2016, се преведува како 999, со оглед на тоа дека се работи за 9-тиот ден, на 9-тиот месец од 9-тата година (2+0+1+6=9)

Денес ќе имаме прилика да се ослободиме од сета негативна кармичка енергија која ја собираме изминатите 9 години. Денешниот ден ќе не наполни 9-9-9 енергијата која ги потиснува токсините во организмот и негативните чувства. Оваа енергија ќе ни помогне да се ослободиме од сите негативности кои не следат во животот и конечно да го наполниме срцето со мир, љубов, сочуство и прошка. Тоа ќе резултира со тоа што од нашите животи ќе исчезнат оние кои редовно предизвикуваат расправии, се однесуваат агресивно, се склони на прељуба или манипулација.

Освен тоа што овој ден претставува крај на бруталниот циклус кој не следеше изминатите 9 години, туку ќе значи и почеток на нова фаза. Бројот „9“ ја носи енергијата на секој претходен број, па така ја акумулира енергијата на почетокот, средина и крај! Се работи за последниот број, кој покрај крај означува и нов почеток.

Кога се работ за само една деветка, тоа претставува шанса крај на одредена фаза во животот, но кога се работи за три деветки, енергијата апсолутно делува на нас како битија и не менува!

Бројот 999 има огромно значење во нашите животи! Тој претставува ретка анѓелска секвенца и секој пат кога ќе ја побараме, од неа добиваме духовни совети во вид на интуиција кои ни помагаат во животот. Таа делува како остра и нагла сила која влијае на нашиот живот, но нема простор за страв, во суштина таа е многу нежна, мудра и полна со љубов.

Енергијата не може да се негира и доколку имаме верба ќе ја почувствуваме на најпотребното поле од нашиот живот. Се препорачува нејзиното влијание да го искористиме во наредните неколку недели, со цел да направиме од својот живот нешто убаво.

По долг период, време е самоуверено да кажеме: „ДОСТА Е!“ и тоа навистина да го мислиме!