Кога ве боли главата, а немате таблета, ситуацијата ви изгледа безизлесна. Но, не мора да биде така.

Постои начин на ослободување од главоболките кои се нарекува акупресура, односно масирање на одредени точки чие делување е потврдено со многу истражувања. Таа се состои од тоа што 5 точки за ослободување од главоболката се масираат во просек од 30 секунди до 1 минута. Точките се масираат со благо притискање или кружни движења.

Вообичаено, главоболката си заминува во рок од 5 минути.

Така, ако имате главоболка, најдете удобна положба, опуштете се и започнете со масажа на следните точки.

1) Точката на третото око која се наоѓа меѓу веѓите. Оваа точка го намалува и заморот на очите. Ако сте уморни, ве боли главата и не сте расположени, масирајте ја оваа точка.

2) Масирањето на двете симетрични точки, веднаш под внатрешните краеви на веѓите освен што ослободуваат од главоболка, го намалуваат и течењето на носот и ја подобруваат острината на видот. Изведувајте ја масажата 1 минута со благо притискање и кружни движења.

3) Масирањето на точките кои се наоѓаат на подрачјето меѓу устата и носот, делуваат кај главоболката, но и забоболката и напнатоста.

4) На местото над ушите можете да делувате за намалување на болката во слепоочницата и намалување на заморот на очите.

5) Масажата на точките на делот на дланките кој го нарекуваме линија на животот, освен намалување на главоболката придонесуваат и за ублажување на болката во грбот и напнатоста на вратните мускули.