Спондилоза: Како да препознае, дијагностицира и излечи?

Болки во вратот, вкочанетост во вратот, чести или повремени главоболки, вртоглавица, зуење во ушите, болки долж рацете, слабост долж рацете и дланките, отрпнатост или трнење долж рацете се до прстите. Ако е присутен еден или повеке од овие симптоми не очајувајте вие сте во клубот на модерните луѓе.

Вратната спондилоза е термин со кој се означува оштетување на зглобните површини на рбетниот столб во пределот на вратот. Состојба која се јавува најчесто после 40та година и постепено прогресира и се влошува со текот на стареењето. Модерниот начин на живот од година во година се повеке ја спушта оваа возрасна граница и се повеќе млади луѓе ги чувствуваат симптомите на вратната спондилоза.

Како што старее телото така коските и рскавиците кои го формираат вратниот дел на рбетот постепено пропаѓаат, формирајки неправилни коскени израстоци наречени остеофити. Во тој период настанува и постепена дехидратација на меѓупршленските дискуси кои наместо да бидат амортизер помегу пршлените постепено прават притисок на нервните корени кои излегуваат од рбетниот мозок.

Како настанува и зошто болест на модерното време?

-Неправилна положба и долготрајно седење на работно место

-Намалена физичка активност

-Се почеста употреба на клима уреди кои директно се насочени кон телото (на работа, дома во кола)

-Нормален процес на стареење (над 40 години)

Како да се дијагностицира?

Ако имате некој од симптомите кои ги наведовме на почетокот за сигутно дијагностицирање потребно е да се направи рентгенска снимка на вратот

Дали се лечи?

Спондилозата не се лечи таа се третира. Тој процес на стареење на зглобните површини не може да се запре целосно меѓутоа со периодична физикална терапија (еднаш или повеќе пати во годината) процесот на дегенерација се успорува и симптомите делумно или целосно се отстрануваат.

Освен физикална терапија што друго помага?

  • Намалување на изложеност на клима уреди во домот и на работно место
  • Изнаоѓање на правилна положба на вратот за време на работата
  • Редовно раздвижување и истегнување на вратот во тек на работниот ден
  • Примена на вежби за истегнување и јакнење на вратната мускулатура

Примена на редовни или повремени медицински масажи на грбот и вратот неколку пати во месецот со цел зголемување на циркулацијата и опуштање на вратните мускули.

Ординацијата „Твое здравје“ преку индвидуален и сериозен пристап кон секој пациент ви нуди комплетен физикизален третман со примена на сите физиотерапевтски процедури (магнет, ласер, ултразвук, и електротерапија) како и целосна грижа за вашиот проблем преку едукација за примена на медицински вежби и медицински масажи во текот на целата година.

air max 90 essential sale